Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

 Рокот за исплата договорен, Владата и банките продолжуваат со преговори за каматата

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Половичен договор по средбата на Владата со банкарите околу парите од унгарскиот заем кои треба да се поделат на бизнисот. Двете страни се договорија околу рокот за отплата на подигнатите средства кој ќе биде до 15 години како што бараше Владата но не и околу каматата односно банкарските трошоци. Колку ќе изнесуваат дополнително ќе се преговара и треба, како што кажа премиерот, конечен договор да се постигне во текот на идната недела.

Доближување на ставовите по ова прашање имало на денешната средба но премиерот Мицкоски не прецизираше што точно значи тоа.

  • „Во моментот се доближуваат ставовите. Би се задржал на таа формулација. Не би зборувал сега за проценти. Би зборувал повеќе за изразена волја, од двете страни има изразена волја да бидат ставовите доближени и да бидат усогласени. Тие 3,25 проценти секако како Влада ќе ги платиме, можеби за некоја година би издале еврообврзина со кој предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи таму немаме кредитна стапка. Целта е каматата која ќе ја понудат банките да бидат што е можно пониска за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи и од политиките на централната банка“, рече Мицкоски.

Владата и банкарите денес се договорија рокот за отплата на кредитот да биде до 15 години со грејс период до три години и да може да се исплати и побрзо доколку фирмата која го подигнала може да го стори тоа. Ова прашање беше една од пречките бидејќи во праксата на банките е овој рок да изнесува од 7 до 10 годни.

  • „Заземавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата. Банките кажаа дека има поедини клиенти кои сакаат пократок рок“, објасни Мицкоски.

Според Мицкоски, сите банки пројавиле интерес да учествуваат при распределбата на 250те милиони евра за бизнисот, пари од унгарскиот кредит.

Огнен Чанчаревиќ