Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите

/

пред 905 дена

Сподели преку :

Денеска во 19 часот изминува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање, а до полноќ и рокот за приговори за сумирањето на резултатите по што Државната изборна комисија (ДИК) треба да донесе одлука во рок од 72 часа.

Како што појасни претседателот на ДИК, Александар Даштевски, доколку не се задоволни од одлуката, кандидартите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на истата.

Во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните, продолжуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои освоија најмногу гласови според првичните официјални резултати.

Првичните официјални резултати што ги објави ДИК покажуваат дека на гласање излегле над 900.000 граѓанин, односно одѕивот бил 49,93 проценти.