Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рокот за примирје на Трамп истекува – руските напади продолжуваат на источната фронтална линија

/

пред 436 дена

Сподели преку :

И покрај крајниот рок поставен од Белата куќа за прекин на огнот, украинските сили велат дека руските трупи продолжуваат со офанзивата на источниот фронт.

Командатана единицата за беспилотни летала соопшти дека е регистрирано интензивно раздвижување на руската пешадија во правецот на Покровск, како и дека руската артилерија се приближува до линијата на фронтот.

Украинските единици користат американски дронови за да лоцираат непријателски позиции и да пренесат координати до артилериските тимови.

„Немаме избор. Ова е нашата земја и никој нема да дојде да не’ брани наместо нас“, велат украинските војници распоредени на фронтот.

Сите се на ставот: „Русија не сака преговори, па единствениот излез е да ги поразиме“, истакнувајќи ја притоа потребата од голем број дронови за успешно спротивставување на руските сили.