Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио и Виткоф во Париз за Украина, Мелони во Вашингтон за царините

/

пред 549 дена

Сподели преку :

Шефот на американската дипломатија Марко Рубио и емисарот на Трамп за Русија и Блискиот Исток, Стив Виткоф денеска во Париз на средби со европските партнери на тема Украина. На состаноците ќе присуствува и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот министер за одбрана, Дејвид Лами, како и советници за национална безбедност на повеќе европски држави.

Стејт департментот најави дека во фокусот на разговорите се начините за завршување на војната во Украина. Европските сојузници, пак, очекуваат детали од Виткоф од неодамнешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Паралелно со патувањето на американската делегација во Париз, во Вашингтон пристигна италијанската премиерка Џорџа Мелони. Тема на разговор со нејзиниот домаќин Трамп во Белата куќа ќе бидат царините. Мелони претходно го повика Брисел да не презема контрамерки и се залага за решение преку преговори.