Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази надеж дека прекинот на огнот меѓу Русија и Украина може да се случи во рок од неколку дена, доколку руските лидери се согласат.
„Еве како би сакале светот да изгледа за неколку дена: ниту една страна да не пука една кон друга – без ракети, без проектили, без куршуми, ништо, без артилерија“, рече Рубио, пренесува „Њујорк Тајмс“.
„Пукањето престанува, борбите престануваат и разговорите почнуваат“, рече Рубио.
Рубио по разговорите во Џеда изјави дека Русија ќе ја прифати понудата за 30-дневен прекин на огнот во Украина.
„Украина направи позитивен чекор, се надеваме дека Русите ќе возвратат. Тоа би бил најдобриот гест на добра волја од руска страна“, изјави Рубио.
Британските медиуми пренесуваат дека Рубио не даде рок до кој треба да започне примирјето, но дека „се надева што е можно поскоро“.











