Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио: Шансите за средба меѓу Трамп и Џинпинг се големи

/

пред 464 дена

Сподели преку :

Средба меѓу американскиот и кинескиот претседател е можна до крајот на годината, најави државниот секретар на САД, Марко Рубио од Куала Лумпур. Вели дека „шансите за нејзина реализација се големи“ и Вашингтон напорно работи во правец да биде што е можно попродуктивна. Ваквата најава дојде по денешната средба во четири очи со неговиот кинески колега Ванг Ји на маргините на АСЕАН форумот во Малезија, во услови на зголемени тензии меѓу САД и Кина по низа прашања – од трговија, преку безбедност, до поддршката на Русија во војната во Украина.

„Шансите се големи. Мислам дека двете страни сакаат да го видат тоа. Очигледно, мора да изградиме вистинска атмосфера и вистински резултат, така што посетата не е само посета, туку всушност има некои конкретни заклучоци од неа. Но, постои силна желба од двете страни да го сторат тоа. Претседателот сака да го стори тоа. Кинеската страна сака да види тоа да се случи. Претседателот Си го кажа тоа јавно. Затоа мислам дека шансите се големи, немам датум за вас, но мислам дека ќе дојде“, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Лавров, кој во Малезија имаше 50-минутен разговор со Рубио и средба од нога денеска пред почетокот на АСЕАН форумот на министри за надворешни работи на Источна Азија, порача дека една од темите била Украина. Одби да даде детали, освен дека ја потврдил позицијата на Русија.

„Би сакал да одговорам со зборовите на Доналд Трамп. „Нема да ви кажам. Чекајте големи изненадувања“, рече тој. Не знам за големи изненадувања. Но, треба да разберете, вие сте запознати со дипломатската работа, бидејќи често патувате со нас. Има работи за кои не коментираме. Вчера му дадов на Марко Рубио краток преглед на цитати на Зеленски, на Шмихал, на Јермак и на Подољак, каде што тие експлицитно зборуваат за потребата од легално, подобро физичко уништување на Русите“, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Додека траат дипломатските напори, тактизирања и надмудрувања, борбите во Украина продолжуваат со несмален интензитет. Речиси 10 милиони Украинци во моментот се водат како раселени од кои 3,8 милиони во земјата и 5,6 милиони во странство, соопшти Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации.

Сашко Димовски