Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио во мисија да ги убедува земјите од Г7 во оправданоста на американската војна против Иран

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Денеска и утре, шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро ќе биде домаќин на своите колеги од Г7 во близина на Версај, надвор од Париз.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ќе отпатува во Франција за да се обиде да ги убеди скептичните сојузници од групата на седумте најразвиени светски економии за стратегијата на САД во војната со Иран, која доведе до нагло зголемување на глобалните цени на горивата, соопшти Стејт департментот во вторникот.

„Во фокус на состаноко ќе бидат војната меѓу Русија и Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и заканите за мирот и стабилноста ширум светот“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Речиси сите други земји од Г7 — Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија — во најдобар случај реагираа резервирано на американско-израелската воена операција против Иран и одбија да учествуваат, што го налути претседателот, Доналд Трамп, иако тој постојано тврди дека на САД не им е потребна нивната помош.

Трамп во неколку наврати ги критикуваше дел од членките на Г7 и сојузниците од НАТО затоа што не одговориле на неговите повици за помош за повторно отворање на Ормутскиот теснец.