Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија демантира дека напаѓала цели во близина на границата со Полска – ова е намерна провокација за ескалација на ситуацијата

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Русија ги демантираше информациите објавени од страна на медиумите во Полска наводна експлозија на руски проектили на територијата на оваа соседна држава на Украина и членка на НАТО како „намерна провокација“

Во реакцијата објавена на социјалната мрежа Телеграм, руското министерство за одбрана оцени дека целта на оваа провокација е да се ескалира ситуацијата.

„Никакви напади против цели во близина на границата меѓу Украина и Полска од страна на рускиот воен арсенал не беа воопшто извршени“ – се вели во реакцијата на руската страна.

Истовремено во реакцијата на руското министерство за одбрана се додава дека фрагментите од ракети од местата на експлозијата, кои наводно биле снимени од полските медиуми, немаат никаква врска со руското оружје.