Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина

/

пред 93 дена

Сподели преку :

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин.

–Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата, изјави Галузин.

Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на украинската диполоматија, Андриј Сибиха, кој тврди дека Москва наводно не сака да седне на преговарачката маса.

-Ние не станавме од масата, украинската страна го направи тоа, и тоа повеќе од еднаш, заклучи Галузин.

Агенцијата потсетува дека минатата недела, на состанок со владата, рускиот претседател Владимир Путин постави четири темели за дијалог со Украина: Истанбулските договори, модалитетите од Енкориџ, реалноста на теренот и принципите што ги презентираше во говорот што го одржа во Министерството за надворешни работи пред две години.