Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија спроведе жестоки ракетни напади врз Киев и Лавов

/

пред 943 дена

Сподели преку :

Русија денеска лансирала 57 проектили и дронови на Украина, вклучувајќи напад на Киев и западноукраинскиот регион Лавов, соопштија властите.

„Воздухопловните сили на Украина пресретнаа и уништија 18 од 29 ракети кои ги лансираше Русија и 25 од 28 дронови“, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм.

Неколку експлозии го потресле Киев утринава, а украинските противвоздушни сили наводно уништиле десетина ракети кои Русија ги лансирала на главниот украински град и неговата околина.

Русија со денови ја бомбардира Украина во напади кои Москва ги прикажува како одмазда за украинските напади за време на неодамнешните претседателски избори.

„Русија продолжува неселективно да лансира дронови и ракети не водејќи сметка за милионите цивили, кршејќи го меѓународното право“, објави американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк на социјалната мрежа „Х“.