Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија тврди дека британската морнарица учествувала во нападот врз гасоводот Северен поток

/

пред 1436 дена

Сподели преку :

Руското Министерство за одбрана денеска објави дека членови на британската морнарица минатиот месец го разнеле гасоводот Северен поток, директно обвинувајќи ја членката на НАТО за саботажа на клучната руска инфраструктура.

Министерството за одбрана своето тврдење не го поткрепи со докази.

Подготовката на овој терористички чин и обуката на воениот персонал на украинската 73 специјален центар за поморски операции, беа извршени под водство на британски специјалисти, лоцирани во градот Очакив, во регионот Миколајв, во Украина.Според достапните информации, припадници на оваа единица на британската морнарица учествувале во планирањето, подготовката и извршувањето на терористичкиот напад во Балтичкото Море на 26 септември оваа година – минирање на гасоводите Северен поток 1 и Северен поток 2, изјави портпаролот игор конашенков.

Британското Министерство за одбрана засега не објави коментар за руските тврдења.

Русија претходно го обвини Западот за минатомесечните експлозии кои ги оштетија гасоводите „Северен поток 1“ и „Северен поток 2“ изградени од Русија во Балтичкото Море.

Но, Русија никогаш досега не презентирала конкретни докази за тоа кој е одговорен за штетата предизвикана на гасоводите, кои беа најголемата рута преку која Европа се снабдуваше со руски гас. Кремљ постојано ги нарекуваше „глупави“ обвинувањата за руската одговорност за оштетување на гасоводот, а руските официјални лица рекоа дека Вашингтон има мотив затоа што сака да продава повеќе течен природен гас (ЛНГ) на Европа.