Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русите влегоа во Авдеевка – се водат улични борби

/

пред 991 дена

Сподели преку :

Руските сили влегоа во Авдеевка, каде ги потиснуваат украинските единици, и во тек се улични борби.

„Ситуацијата на фронтот станува сè потешка за Украина која се соочува со недостиг на луѓе, вооружување и муниција. Според западни стручњаци, постои голема веројатност дека градот наскоро ќе падне под целосна контрола на руските сили“, пишува „Њузвик“.

Медиумските извештаи велат дека руските сили успеале да ја консолидираат контролата врз железничкиот мост, пресекувајќи го северната рута за снабдување на украинските сили. Со оглед на таквата ситуација, украинската команда дала зелено светло за евакуација на своите трупи од Авдеевка.

Иако исходот на битката за градот потсетува на Мариупол и Бахмут и, се чини, дека е загубен за украинската војска, сепак, и натаму се испраќаат значителни резерви за запирање на руското напредување.

Руски извори наведуваат дека Украинците почнале со минирање на зградите во Авдеевка, што укажува дека битката за повлекување е почната, во обид да се извлечат од критичната ситуација со што помалку загуби.