Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рускиот министер за одбрана пристигна во посета на Северна Кореја

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, денеска пристигна во официјална посета на Северна Кореја, како дел од приближувањето на врските меѓу двете земји.  Посетата се случува во контекст на неодамнешното зближување на Русија и Северна Кореја.

Во текот на посетата, планирани се бројни билатерални средби со претставници на военото и воено-политичкото раководство на Северна Кореја.

Министерството за одбрана на Русија не објави детали за програмата на посетата, но се очекуваат дискусии за соработка во воената и политичката сфера.

Западот претходно обвини дека русија ја ескалира состојбата на теренот во Украина ангажирајќи околу 12 илјади севернокорејски војници кои според информациите на разузнавачите се распоредени во Курската област.

Северна Кореја и претходно и помагаше на Русија со воена опрема и оружје тврдат западните земји.