Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Руските војници и во Херсон извршувале воени злосторства – пронајдени над 60 тела со траги на мачење

/

пред 1417 дена

Сподели преку :

Украинските истражители соопштија дека пронашле 63 тела на цивили близу неодамна ослободениот град Херсон на кои имало траги на мачење. Тие исто така откриле 11 илегални затвори и четири соби за мачење во градот, каде што десетици мажи биле приведени, мачени со струја, тепани, а некои и убиени.

Повеќе од 700 луѓе се водат како исчезнати и се стравува дека се или мртви или присилно одведени на окупираните територии или во Русија.

Алеша Бабенко 10 дена бил затворен во подрум и редовно тепан од руски војници… Бил држен врзан со затворени очи, а секојдневно трпел закани дека ќе биде мачен со струен удар… Во септември, тој и неговиот 14-годишен внук, Виталиј Мишарски, беа уапсени од руски војници кои го окупираа неговото село Киселивка во јужниот украински регион Керсон. Фотографирале уништени тенкови и ги испраќале до украинската армија.