Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руско МО: Украина утрината употребила шест ракети АТАКМС за напад врз аеродромот во Таганрог

/

пред 678 дена

Сподели преку :

Украинските војници нападнаа воен аеродром во Таганрог, во Ростовската област, со шест балистички ракети ATAКМС, од кои сите беа соборени или одбиени од системи за електронско војување, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

„Утрото на 11 декември, режимот на Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, во Ростовската област… Во текот на истрагата, веродостојно беше утврдено дека биле користени шест балистички ракети ATAКМС од американско производство“, соопшти руското Министерство.

Според соопштението, биле соборени две ракети, а останатите биле одбиени со техника на електронско војување. Се наведува дека при падот на фрагменти од гранатите нема жртви.