Европа и САД се „обединети во напорите за ставање крај на оваа ужасна војна“ во Украина, објави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по „одличниот“ разговор денеска со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.

„Го ценам лидерството на Трамп и тесната координација со сојузниците. Топката сега е во дворот на Путин“, објави Руте на Икс пред средбата на Трамп во петок на Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин.











