Лидерите на НАТО никогаш не ѝ ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата, ако постигне мировен договор со Русија, изјави генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Марк Руте.
„Мора да се погрижиме за Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина. Тоа е клучно, но никогаш не е дадено ветување на Украина дека, како дел од мировен процес, ќе стане дел од НАТО“, рече Руте пред новинарите.











