Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руте: НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира

/

пред 145 дена

Сподели преку :

НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира, порача генералниот секретар Марк Руте од Подгорица, предупредувајќи дека во регионот постојат актери што се обидуваат да создадат нестабилност, додека Алијансата ќе ја препознае и ќе ѝ се спротивстави на секоја злонамерна активност на територијата на земјите членки.

Оваа порака генералниот секретар на НАТО Руте ја испрати за време на прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, во контекст на засилените безбедносни предизвици за Европа: руската агресија врз Украина, сè поасертивниот пристап на Кина и нестабилноста во јужното соседство на НАТО. Според него, Западен Балкан останува простор во кој стабилноста не смее да се земе здраво за готово.

Во март, за време на посетата на Скопје, Руте веќе порача дека безбедноста на Западен Балкан е суштинска за Алијансата и дека смета на Северна Македонија да води со пример.