Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руте: НАТО се оддалечува од нездравото и преголемо потпирање на САД

/

пред 138 дена

Сподели преку :

НАТО бил и секогаш ќе биде трансатлантски сојуз и моментно минува низ транзиција од нездраво и преголемо потпирање на САД, порача генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

„Сега се случува преземање на одговорност, оддалечување од нездравото преголемо потпирање на еден сојузник, што води кон поправедна поделба на одговорноста за нашата колективна безбедност“, рече Руте на прес-конференција во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во Хелсингборг во четврток и во петок.

Утре и задутре во Шведска ќе се разговара за подготовките за НАТО самитот во Анкара во јули, како и реализацијата на планот за инвестиции во одбраната што беше договорен на претходниот Самит во Хаг.

Претседателот на САД, Доналд Трамп им даде до знаење на европските сојузници дека очекува да преземат примарна одговорност за безбедноста на континентот.