Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руте: Русија за три месеци произведува муниција колку НАТО за една година

/

пред 611 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска дека Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што НАТО успева да произведе за една година, иако таа е економски дваесетпати поголема од Русија.

„Русија се префрли на воена економија. Се уште не сме го сториле тоа. Треба да го забрзаме производството и да ја намалиме бирократијата“, рече Руте на Минхенската безбедносна конференција, нагласувајќи ја потребата од побрзо прилагодување на одбранбените капацитети на НАТО.

Тој, исто така, рече дека членките на алијансата ќе треба да ги зголемат трошоците за одбрана „значително повеќе од три проценти“ од БДП.