Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ги укинаа санкциите за Милорад Додик и семејството

/

пред 351 дена

Сподели преку :

Министерството за финансии на САД донесе одлука за укинување на санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за нејзиниот поранешен претседател Милорад Додик, неговото семејство, нивните фирми и многу блиски соработници. Санкциите се укинати и за Жељка Цвијановиќ.

На 17 октомври, американското министерство за финансии ги укина санкциите и за четворица блиски соработници на Додик кои се најдоа на „црната листа“ на САД поради организација и промоција на неуставниот „Ден на РС“. Станува збор за Јелена Паиќ Баштинац, Даниела Драгичевиќ, Горан Раковиќ и Дијана Миланковиќ.

Неофицијални извори тврдат дека укинувањето на санкциите е резултат на договорот меѓу САД и Додик според кој Додик по правосилната пресуда мораше да ја напушти претседателската функција и да именува вршител на должност.

Тој дел од договорот е исполнет со изборот на Ана Тришиќ Бабиќ за в.д. претседател на Република Српска, со САД постепено ги укина санкциите и на останатите соработници на Додик, процес што треба да заврши до крајот на овој месец.