Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Британија извршија нови напади врз позиции на Хутите

/

пред 1006 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави и Велика Британија извршија нови заеднички воздушни напади на цели во Јемен.

Претходно Вашингтон и Лондон кажаа дека не бараат конфликт со Хутите, туку се обидуваат да го заштитат меѓународниот трговски коридор низ Црвено Море.

Хутите, кои ги поддржува Иран, гаѓаа бродови за кои тврдат дека се поврзани со Израел, а патуваат низ Црвеното Море.

Белата куќа соопшти дека претседателот на Америка Џо Бајден и на Британија Риши Сунак во телефонски разговор „зборувале за тековните напади на Хутите на трговски и поморски пловила кои минуваат низ Црвено Море“.

Тие ја повториле „својата посветеност на слободата на пловењето, меѓународната трговија и одбраната на поморците од незаконски и неоправдани напади“, се вели во соопшти.