Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Иран постигнаа значителен напредок – оманскиот посредник по третата рунда разговори за нуклеарната програма во Женева

/

пред 226 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа „значителен напредок“ во третата рунда на разговори за нуклеарната програма, објави министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди кој ја има улогата на медијатор во процесот.

„Наскоро продолжуваме по консултациите во матичните земји“, рече ал-Бусаиди, без да изнесува детали од последниот круг преговори.

За наредната недела се закажани технички разговори во Виена на кои, доколку се остварат, веројатно ќе се разговара за детали за евентуалниот договор, додаде шефот на оманската дипломатија.

Иран, исто така, објави дека се очекува продолжување на разговорите во текот на наредната недела, откако министерот за надворешни работи, Абас Арагчи ги оцени преговорите во Женева како најсериозни досега.

Двете страни мора да консултираат со своите влади, изјави Арагчи за иранската државна телевизија.