Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД извршија нови напади врз Хутите во Јемен

/

пред 993 дена

Сподели преку :

САД извршија повеќе напади врз ракетни позиции на Хутите во Јемен, соопшти американската Централна команда. Од таму велат дека американските сили погодиле крстосувачка ракета за копнен напад и четири противбродски проектили кои „биле подготвени да бидат лансирани против бродови во Црвеното Море.

Последната акција доаѓа еден ден по заедничките напади на САД и Велика Британија врз цели на Хутите. Тоа следи по континуираните напади на групата поддржана од Иран врз воени и трговски бродови во Црвеното Море.

Нападите на Хутите ги принудија големите бродски компании да го избегнуваат овој воден пат, што влијае на меѓународната трговија.

Египет соопшти дека неговиот приход од Суецкиот канал е намален за речиси половина во јануари, при што бројот на бродови што патуваат низ клучната трговска артерија минатиот месец е намален за повеќе од една третина.

Официјалните претставници на Хутите со пркосен тон ветија дека ќе одговорат.