Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ја паузираа продажбата на оружје за Тајван

/

пред 135 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави привремено ја запреа продажбата на оружје за Тајван во вредност од 14 милијарди долари за да се осигураат дека имаат доволно вооружување за војната против Иран, изјави в.д. секретарот на американската морнарица, Хунг Цао. Неговата потврда за време на сослушувањето во Сенатот доаѓа по само неколку денови од неодлучното делување на претседателот Доналд Трамп по тоа прашање по разговорите со кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг, пишува „Би-Би-Си“.

„Моментно, се ставивме на чекање за да бидеме сигурни дека имаме доволно муниција потребна за „Епски бес“. Само проверуваме дали имаме се што е потребно, а продажбата на оружје за странски земји ќе продолжи кога ќе процени администрацијата“, изјави Цао.

Пакетот вреден 14 милијарди долари чека на одобрување од Трамп. Според извештај на „Ројтерс“ од март, тој вклучува проектили за противвоздушна одбрана, како системи ПАЦ-3 на компанијата „Локхед Мартин“, како и ракетни системи земја-воздух.

Трамп сè уште не потврди дека ќе даде конечно одобрување. Минатата недела за „Фокс њуз“ изјави дека тој пакет е „многу добар адут во преговорите“ со Кина.