Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ќе укинат над 90 проценти од програмите за странска помош на УСАИД

/

пред 599 дена

Сподели преку :

САД ќе укинат над 90 проценти од програмите за странска помош на УСАИД, во висина од 58,4 милијарди долари. Владата на американскиот претседател, Доналд Трамп, планови за кратењето ги презентираше во интерен меморандум до кој дошла агенцијата Асошиетед Прес, но и во поднесоците во една од федералните тужби што ги оспоруваат мерките.

Во меморамндумот се наведува дека официјалните лица чистеле значителен отпад што произлегувал од децениското институционално расфрлање со пари и оти се планирале повеќе промени во начинот на кој УСАИД и Стејт департментот ќе обезбедуваат странска помош за унапредување на американските интереси.

Според најавата ќе се укинат 5.800 од 6.200 повеќегодишни програми на УСАИД, како и 4.100 од 9.100 грантови.