Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД: Не и помагаме на Украина со намера да убиеме руски генерали

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Американското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата дека дало разузнавачки информации за локациите на руските генерали на бојното поле во Украина за да можат украинските сили да ги убијат.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека е точно дека САД ги снабдуваат силите на Киев со воено разузнавање „за да им помогнат на Украинците да ја одбранат својата земја“, но исто така нагласи дека Украина „сама одлучува дали ќе таргетира руски генерал или не“.

„Не даваме разузнавачки информации за локацијата на високите воени лидери на бојното поле, ниту учествуваме во одлуките за пукање во украинската армија“, рече Кирби.

„Украина ги комбинира информациите што ние и другите партнери ги даваме со разузнавачките податоци што ги собираат на бојното поле. Потоа тие сами донесуваат одлуки и преземаат свои акции“, рече тој.

Советот за национална безбедност на Белата куќа го осуди извештајот на Њујорк Тајмс како „неодговорен“.

Имено, Њујорк Тајмс вчера објави сторија во која тврди дека САД и помогнале на Украина во убиството на 12 високи руски генерали.