Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп повторно ја отвора темата за Гренланд: САД не исклучуваат воено преземање

/

пред 274 дена

Сподели преку :

Белата куќа потврди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува „различни опции“ за преземање на Гренланд, вклучително и можноста за користење на воена сила, пишува „Би-Би-Си“.

Медиумот наведува дека според Вашингтон Гренланд е „приоритет за националната безбедност“ на САД поради неговата стратешка позиција на Арктикот.

Изјавата предизвика остри реакции во Европа, при што повеќе земји, меѓу кои Германија, Франција и Обединетото Кралство, јавно застанаа зад Данска и повикаа на почитување на суверенитетот и меѓународното право.

Данската премиерка предупреди дека евентуална американска агресија би значела крај за НАТО.

Иако американски претставници тврдат дека не постои план за инвазија, идејата за купување или политичко поврзување на Гренланд повторно ја отвори дебатата за безбедноста, иднината на НАТО и интересите на големите сили во Арктикот.