Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД сакаат заострување на санкциите против Северна Кореја

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

САД сакаат да ги заострат санкциите против Северна Кореја поради нејзиното неодамнешно лансирање на интерконтинентални балистички ракети способни да носат нуклеарни боеви глави, објави Асошиејтед прес.

Вашингтон, кој претседава со Советот за безбедност на ОН овој месец, рече дека планира денеска да донесе резолуција за наметнување построги казни за Пјонгјанг.

Постојаната мисија на САД во светската организација веќе неколку месеци работи на нацрт на ваква резолуција, на која се противат соседите на Северна Кореја, Кина и Русија. На состанокот на Советот на 11-ти мај, двете страни рекоа дека се за нови разговори со Пјонгјанг, а не за нови казнени мерки. Денеска ќе стане јасно дали Кина и Русија ќе го искористат правото на вето за да го блокираат предложениот документ или ќе одлучат да се воздржат.

Кинеската делегација во ОН доцна синоќа соопшти дека не верува дека нацрт-резолуцијата предложена од САД може да реши каков било проблем.

Вчера Сеул објави дека Северна Кореја лансирала пробна ракета од три ракети. Се претпоставува дека едната била интерконтинентална, а другите две – со помал опсег. Ова беа 17-ти по ред тестирани севернокорејски ракети оваа година.