Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД се согласиле да ги одблокираат замрзнатите ирански средства!?

/

пред 175 дена

Сподели преку :

Иранската преговарачка делегација предводена од претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф одржа средба со домаќинот на преговорите, пакистанскиот премиер Шабаз Шариф.

Пред да допатува во Исламабад, Галибаф порача дека пред одржување на преговорите Соединетите држави мораат прво да ги одмрзнат блокираните ирански средства во странство. Иранските државни медиуми јавуваат дека тоа веќе било направено, но засега нема потврда од Вашингтон дали Белата куќа се согласила на тоа.

Претходно и Вашингтон и Техеран соопштија дека подготвиле посебни планови за мир, американскиот од 15 точки а иранскиот од 10. Но, иако верзии од двата планови се појавија во медиумите во Соединетите држави и Иран, сепак тие официјално не беа објавени.