Американскиот специјален пратеник за Украина и Русија, Кит Келог, потврди дека следната недела на Минхенската безбедносна конференција ќе го презентира мировниот план на Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.
Келог ќе разговара за Трамповата цел да се стави крај на конфликтот, со нагласок на “мир преку сила” и можноста за замрзнување на конфликтот, оставајќи го проблемот со окупираните територии од страна на Русија нерешен.
Планирано е и да се изврши притисок на Украина да седне за преговарачка маса. Зеленски, пак, изјави дека е подготвен за дипломатски преговори, но со учество на САД и ЕУ. Путин пак е на ставот дека во моментов не се отворени можностите за четиристрани преговори како и дека Зеленски не е легитимен претставник за да седне на преговарачка маса бидејќи во Украина не се одржаа избори и тој не беше реизбран на истите.
Претходно и администрацијата на Трамп најави дека најверојатно уште годинава ќе бара одржување на избори во Украина, а на некој начин тоа е исполнување на барањето на Путин. Украина стравува дека Пурин сака да ја искористи ваквата ситуација за да инсталира проруска влада во Киев.











