Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД со апел до своите државјани: Не патувајте во Либан, ако сте таму веднаш заминете

/

пред 222 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ги повикаа своите граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата.

„Ги повикуваме американските државјани да не патуваат во Либан. Ако сте веќе таму, напуштете го Либан веднаш додека комерцијалните летови се сè уште достапни“, објави американската амбасада во Бејрут на платформата Икс.

„Безбедносната ситуација во Либан е нестабилна и непредвидлива. Низ земјата се забележани воздушни напади, особено на југот, во долината Бека и во делови на Бејрут“, се наведува во објавата.