Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бараме правда“, „Затвор за Васил“ – дел од пораките од протестот во Скопје по смртта на 22-годишната Фросина

/

пред 622 дена

Сподели преку :

Додека најблиските се простуваат од трагично загинатата Фросина Кулакова, граѓаните, организирани преку социјалните мрежи излегоа на протести на булеварот „Партизански одреди“ и продолжија кон Обвинителството и Кривичниот суд.

Без возачка, пијан и поминал на црвено, повеќекратниот прекршител на законот, 20-годишниот Васил Јованов на пешачки ја прегази студентката по моден дизајн, 22-годишната Фросина Кулакова.

Судот веќе му определи 30-дневен притвор и тој е во Шутка.

Протестот во Скопје го следи колегата Петар Догов.