Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сали: Реформските чекори до јуни ќе бидат сите исполнети

/

пред 218 дена

Сподели преку :

Наредниот извештај на Европската комисија за Македонија ќе биде подобар, затоа што посветеноста на владата е поголема, особено по локалните избори, сите чекори од реформската агенда ќе биде завршени до јуни, рече Беким Сали, министер за европски прашања, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„И реформската агенда ја тераме со зголемена динамика. Имаме почести координации на ниво на влада и меѓуинституционална комуникација за исполнување на задачите во врска со реформската агенда. Очекувам во јуни извештајот да биде попозитивен“, уверува Сали.

Интензивната работа на реформската агенда, вели Сали, значи и измена на закони кои се договорени кои се веќе договорени во реформската агенда.

„До 15 јануари спроведовме и доставивме 27 чекори од вкупно 41 во реформската агенда. Во рокот од 90 дена, тоа значи до крајот на март или евентуално 15 април да го добиеме првиот резултат од доставените чекори, да видиме дали сме во ред или, пак, ќе имаме дополнителни забелешки на кои ќе треба да се навратиме за дополнување и доисправување на измените што сме ги доставиле“, истакна министерот за европски прашања.

Сали сподели очекувања за повлекување на 40-тина милиони евра од вкупно 134 милиони евра колку што беа на располагање за периодот јуни-декември во 2025 година. Но, тоа, сепак ќе зависи од Европската комисија, дали ќе ги прифати чекорите како реализирани.

С.Д.