Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сали: За трансформација на Железници и Пошти е надлежно министерството за транспорт

/

пред 218 дена

Сподели преку :

Железници и Пошти, две компании во државна сопственост, имаат потешкотии во финансиското работење, конечна одлука за нив сè уште немаме, се размислува кој е најдобриот модел за нивна трансформација, рече Беким Сали, министер за европски прашања, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Меѓутоа, ако цената за приватизација на тие компании е отпуштање од работа, а ние за тоа немаме подготвено социјален пакет за да изменаџираме состојба со отпуштени работници, мислам дека нема да биде прифатливо ниту за владата, ниту за граѓаните. Ќе треба да се изнајде некој нов модел или, пак, да дојдеме до нивото на електричната енергија. Тоа е неприфатлива точка, затоа што се трудиме да ги заштитиме и граѓаните да не плаќаат повисока струја. Затоа што една од точките која се однесува на либерализација на енергетскиот пазар, би подразбирало зголемување на фактурите за електрична енергија“, изјави Сали.

За мерките за Железници и Пошта, додаде Сали, е надлежно министерството за транспорт.

„Пристапот ќе биде ист. Ако имаме решение, ќе се прифати, ако немаме друго решение, нема да се прифати“, појасни Сали.

С.Д.