Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Самит на шефови на држави и влади и министерски состанок на ПСЈИЕ во Скопје

/

пред 857 дена

Сподели преку :

Денеска и утре во Скопје се одржува самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Состанок на министрите за надворешни работи.

Во своето воведно обраќање министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека учесниците во Процесот имаат постигнато важни резултати во бројни области, но дека морат да ги удвојат напорите до крајната цел: членство во ЕУ за сите учесниците на ПСЈИЕ.

  • „Проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент кој носи незаменлива вредност во градењето отпорни општества и постигнувањето економски напредок и просперитет” истакна Османи, повторувајќи дека повеќе интеграција пред членството претставува соодветно решение за долгогодишните предизвици со кои се соочуваме.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е домаќин на Самитот во чии рамки, е предвиден пленарен состанок на шефовите на делегациите. Ова е завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот што се одржува под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба.

За Вестите на Телма во 12.30 се јави Тамара Грнчароска

https://youtu.be/eb-CwjPeqaY