Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Самитот ЕУ-Западен Балкан- можност за потврда на перспективата за членство на државите од регионот во Унијата

/

пред 1041 дена

Сподели преку :

Самитот ЕУ-Западен Балкан, почнува денеска во Брисел. Главни теми зајакнувањето на политичкиот ангажман на Унијата со земјите од регионот, доближувањето на овие држави до ЕУ со нивна на постепената интеграција и поставувањето основи за економски раст, ублажувањето на последиците од руската агресија врз Украина и зацврстувањето на безбедноста и отпорноста.

Оваа прва средба на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан по минатогодишниот Самит во Тирана, се оценува како можност за потврда на перспективата за членство на државите од регионот во Унијата, како и за афирмација на потребата од спроведување на одржливи реформи согласно вредностите и принципите на блокот.

ЕУ има намера да разгледа дополнителни мерки насочени кон понатамошно унапредување на постепената интеграција, нагласувајќи ја важноста од целосно искористување на потенцијалот на постоечките правни инструменти, посочува Европскиот совет.

За да се одржи втората меѓувладина конференција меѓу Европската унија и Македонија, мора да се завршат уставните измени, пишува во заклучоците што вчера ги усвои Советот за општи работи на Унијата, а за кои ќе се расправа на Самитот на европските лидери закажан за четврток и петок во Брисел. Но, советот бара и Македонија да испорача независно и професионално судство.

Македонија ќе продолжи по европскиот пат по усвојување на уставните измени – заклучок на ГАК