Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Само 700 општински паркинг места на 45.000 возила во Тетово

/

пред 1632 дена

Сподели преку :

Над 45.000 регистрирани возила со тетовски таблици, а само 420 места за зонско паркирање и околу 280 места во затворени паркиралишта. Сообраќајниот хаос во Тетово се зголемува и со доаѓањето на печалбарите за празниците и во летните месеци.

Од претпријатието „Градски паркинг“ велат дека за изградба на катни гаражи треба да се изработи физибилити студија, но најавуваат регулирање на веќе постоечки паркинг места.

Градоначалникот Биљал Касами, бара поблиска соработка со полицијата, особено во делот на градот каде нема зонско паркирање.

За првпат по 8 години, денес беа обележани 13 паркинг места наменети за возилата со кои се превезуваат лица со посебни потреби.

Данијела Билбилоска