А во вториот круг од локалните избори три жени влегоа во трката за градоначалничката функција од вкупно 33 општини каде што се гласа. Во првиот изборен круг беше избрана само една жена. Од вкупно 44 избрани градоначалници тоа претставува само 2,2 проценти родова застапеност. На овие избори се натпреваруваа 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 жени, што е 10,35 проценти од вкупниот број. Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.











