Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Санчез: Признавањето на палестинската држава е геополитички интерес на Европа

/

пред 926 дена

Сподели преку :

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека признавањето на палестинската држава „е во геополитички интерес на Европа“.

Меѓународната заедница нема да може да и помогне на палестинската држава доколку таа не го признае нејзиното постоење, изјави Санчез пред шпанските пратеници.

Тој додаде дека „Шпанија е подготвена да ја признае палестинската држава“, без да прецизира датум.

Шпанскиот премиер повторно го осуди, како што рече, „апсолутно непропорционалниот одговор“ на владата на Бенјамин Нетанјаху на „терористичкиот напад од Хамас“ на 7 октомври минатата година.

Тој предупреди дека таквиот одговор се заканува да го „дестабилизира Блискиот Исток, а со тоа и целиот свет“.