Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сарацин: Можно е да нема друга шанса за Македонија, ако има, нема да биде подобра

/

пред 1569 дена

Сподели преку :

Продолжува убедувачката мисија од страна на европските дипломати за Македонија да го прифати францускиот предлог. По вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска во официјална посета е и германскиот претсавник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Македонија треба да го прифати францускиот предлог, затоа што со него се овозможува веднаш да се започне процесот на пристапните преговори без понатамошни одолговлекувања и без можност за блокади, изјави Сарацин.

Тој смета дека нема да добиеме можност за некој нов договор кој ќе биде подобар. Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ најави дека во наредните денови ќе мора да се комплетира пакетот и да се донесе одлуката, како и дека протоколот со Бугарија се уште се доусогласува.