Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СБ на ОН ја одобри резолуција на САД за „брз прекин“ на војната во Украина

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Советот за безбедност на ОН пак ја одобри резолуцијата за Украина предложена од американската Влада, која содржи повик за брз прекин на војната и во која Русија не е класифицирана како агресор.

Ова е првпат ова тело да одобри заедничка резолуција за војната во Украина. За резолуцијата гласале 10 земји, а пет биле воздржани, со што е собрано потребното мнозинство. САД, Русија и Кина гласаа „за“ резолуцијата, а сите пет европски земји во Советот – Велика Британија, Франција, Словенија, Данска и Грција беа воздржани.

Теоретски, Велика Британија и Франција имаат право на вето на резолуциите на Советот за безбедност, но тие не го користат тоа право од 1989 година. Според меѓународното право, резолуциите на Советот за безбедност на ОН се обврзувачки.

Во одобрениот документ наречен „Пат кон мирот“, Москва не е наречена агресор и нема повик за повлекување на руските сили од Украина. Таа само содржи повик за брз крај на војната.