Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат ниту за датумите за одржување на претседателските и парламентарните избори

/

пред 1069 дена

Сподели преку :

Нашиот став е од самиот почеток непроменет, изборите да се одржат во редовен термин, порача пратеничката од СДСМ, Даниела Колева.

Претседателските да се одржат во редовен термин, кога што треба, кога истекува мандатот, пред истекување на мандатот на претседателот, а парламентарните да се одржат во редовен термин. Да не шпекулираме со датуми, ги знаеме отприлика кои се датумите. Меѓутоа мисламд ека следнито период веќе ќе се знае кога ќе се одржат претседателските а кога парламентарните. Нашиот став е дека треба да се одржат во редовниот термин, рече Колева.

Ставот на мнозинството опозициката го оценува како бегање од избори, затоа што не станува збор само за датумот, туку има низа законски рокови кои мораат да бидат запазени.

Целото општество прво ќе биде во грч, а второ економските можности се многу ограничени поради одредени законски решенија коишто спечуваат можност за создавање на некаква корупција. Тоа значи дека еден месец разлика помеѓу изборите нема ништо да промени, напротив ќе го зголеми дополнително теророт од политиката врз општеството, и ќе го загрчи стопанството кое што е и така кревко и не може да работи, оцени Стојановски.

Според ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никаква логика да не се одржат заедно изборите, иако од политички причини нив би им одговарало да бидат одделни.