Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ со интерпелација за Трипуновски – тој ја нарече безначајна

/

пред 171 дена

Сподели преку :

Корупција, скандали и штетни политики се аргументите на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, со кои денеска поднесоа интерпелација за министерот за земјоделство.

Го обвинуваат Цветан Трипуновски дека го довел земјоделството до колапс, а како причини  зошто треба да си оди од функцијата се наведени и случаите со директорот на Платежната агенција и директорот на Инспекторатот за земјоделство кои беа фатени со 50.000 и 100.000 евра мито, суспендирањето на 128 милиони евра од ИПАРД програмата, намалените субвенции за сточарството и за житните култури, укинувањето на авансната исплата на субвенции.

  • Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето на Министерството и институциите во ресорот што го води,изјави Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ.

Николовски најави дека СДСМ првин ќе бара политичка, а потоа и кривична одговорност за секоја штета.

Трипуновски на Фејсбук му одговори дека интерпелацијата ќе биде неуспешна.

  • Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС. Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер, напиша Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Опозициските пратеници и министерот ќе имаат можност да ги соочат своите агрументи „за„ и „против„ и на собраниската седница на која ќе се расправа за поднесената интерпелација.

Далиборка Демјанска

Б.С.