Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата?!

/

пред 394 дена

Сподели преку :

Според информациите кои до СДСМ ги доставиле свиркачи сите тие 400 млади луѓе што беа примени во август, како пожарникари, заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата.

  • Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“. Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е ова точно?

Ако е се потврди, ова значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги излажала граѓаните, свесно ги излажала овие млади луѓе, велат од СДСМ.

Во време на пожари и еколошки катастрофи, оваа власт е неспособна и измамничка.  Наместо да го зајакнат противпожарниот систем и да ја зголемат безбедноста на граѓаните, тие направија евтин ПР. Кој сега ќе понесе одговорност за оваа катастрофа? Или и за ова ќе ги обвинувате измислени хибридни напади и центри на моќ?, прашуваат од опозицијата.