Изминува деветиот ден од исчезнувањето на 70- годишната Лидија Велковска- Бојчевска, лице со деменција, инаку пензиониран музејски работник. Од семејството велат дека по исчезнувањето на жената, случајот го пријавиле во полициската станица во Карпош и во Дирекцијата за заштита и спасување. И самостојно ја барале по добиени повици дека е лоцирана, но досега без успех.
Велковска- Бојчевска исчезнала од дворот на училиштето „ Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, на 26. мај . Била облечена во блуза со црно – бели пруги и во розови тренерки. Семејството апелира доколку некој ја сретне , веднаш да се јави на оставениот број 070399945. Ќе бидеме благодарни ако совесните граѓани ни излезат во пресрет, велат од семејството на исчезнатата Лидија Велковска- Бојчевска.











