Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се чека супервештачењето од Медицинскиот факултет во Скопје – ново одложување на судењето за родилката Веапоска

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Во Основниот суд во Струга повторно се одложи судењето за родилката од Дебар, кое денеска беше закажано по 10-месечен застој, во очекување на супервештачењето од Медицинскиот факултет во Скопје, откако одбраната на тројцата обвинети лекари од Струшката болница и обвинителството понудија сосема различни вештачења за тоа како Јилдиз Веапоска, по породувањето со царски рез во 2020 остана, без три органи, јајник, матка и еден бубрег. Сега адвокатот на обвинетиот гинеколог Мухамед Асани, го спори тимот кој го изработи супервештачењето. За Веапоска ова е уште едно одолговлекување на постапката која започна пред три години и бара Судот што поскоро да донесе пресуда.

„Барам судијата да изрече затворска казна, а не условна казна. Еднаш засекогаш да знаат докторите ако има лекарка грешка дека треба да одговараат за секое кривично дело“, рече Јилдиз Веапоска.

Нејзиниот адвокат Сашо Јанев е убеден дека обвинетите нема да избегаат од правдата.

„Суштината е тоа што супервештачењето покажува кој направил пропусти во оперативниот зафат“, вели Сашо Јанев, адвокат

Одбраната на  Асани побара судот да не го прифаќа супервештачењето, затоа што двајца од тројца лекари во Комисијата која го изработила не се вработени на Медицинскиот факултет Скопје, што е споротивно од Статутот на оваа високообразовна установа во кој е неведено дека членовите на Одборот за судско медицинско вештачење мора да се во редовен работен однос.

„Со ваквото постапување, неспорно е дека ова супервештачење не е изработено од институцијата на која истото ѝ е доверено и како такво врз него не може да се заснова каква било пресуда. Судот да се обрати до Медицинскиот факултет во Скопје кој треба да даде соодветно објаснување како ова се случило“, рече адвокатот Игор Петковски.

Судијата Јордан Јованов, следното рочиште го закажа по еден месец, а во меѓувреме ќе го очекува објаснувањето од Медицински факултет Скопје.

„Сега ќе треба од институцијата да се произнесат дали при формирањето на тимот имале некакви пречки, поради што се барале надворешни членови и откако ќе го добијам одговорот ќе одлучам дали вештачењето ќе биде прифатено како доказ или не“, рече Јордан Јованов, судија во Основниот суд труга.

Предметот застарува во 2026 година, но судијата Јованов уверува дека тоа нема да се случи.

Емилија Мисирлиевски