Речиси еден милион и четиристотини илјади евра ќе треба да се платат од општинскиот буџет за новата административна зграда за која месецов почнаа градежните работи.
Зградата се прави за потребите на администрацијата во Општина Тетово, откако имаше тендер за избор на изведувач на градежните работи.
Не успеа првичната најава на градоначалникот дека ќе прави објект без да се трошат пари односно да компензира со земјиште.
Првичната идеја беше да се реализира со јавно приватно партнерство, општината да даде земја на друга локација и да се изгради објектот на општината. Но испадна дека тоа не е возможно. Значи според законот не може да се направи значи таква компензација земјиште за објект и затоа одлучивме да одиме со тендер. Значи сега се реализира преку тендер и со средства на буџетот на општината, вели градоначалникот Касами.
Општината ќе добие нов објект, но останува предизвикот со зголемување на долговите и плаќањата од општинскиот буџет. Касами тврди дека во 2025 година има зголемена наплата на даноците на имот, но главен проблем останува тоа што извршители и понатаму наплаќаат долгови.
Се надеваме дека во текот на 2026 година ќе излеземе од извршувања и ќе можеме автономно да оперираме со буџетот затоа што и 2025 сериозен дел, да не кажам многу голем дел од буџетот, е реализиран преку извршители, вели касами.
Новата зграда ќе има приземје, два ката и поткровје со вкупна површина од 1.400 метри квадратни. Општина Тетово има администрација од речиси 400 вработени луѓе и неколкиу стотици хонорарци.
Александар Самарџиев











