Повеќе анкети на јавното мислење во САД, сугерираат дека Америкнците само сакаат војната со Иран да заврши.
Анкетата на „Фокс њуз“ од минатата недела покажа дека само 39% од регистрираните гласачи сакаат американските воени операции да траат „колку што е потребно за да се постигнат целите на САД“, во споредба со 61% кои наместо тоа претпочитаат „ограничен временски рок“.
Слично на тоа, анкетата на „Њујорк тајмс“ и „Сиена колеџ“ покажа дека 52% од регистрираните гласачи рекле дека Соединетите Држави треба да ги прекинат воените операции дури и ако не можат да постигнат договор со Иран за неговата нуклеарна програма.
Само 37% сакаат да продолжат со воените операции ако земјите не можат да постигнат договор за нуклеарната програма на Иран.
И таа последна анкета и други податоци потврдуваат дека Американците не се баш оптимисти за прифатлив договор.
Најновата анкета на CNN, покажува дека само 20% од Американците имаат „голема“ доверба во Трамп да донесе добри одлуки за Иран. Околу три пати повеќе – 59% – немаат „многу“ или воопшто немаат доверба.
Трамп, според американските медиуми веќе се откажа од неговите апсолутистички барања. Прво велеше дека ќе прифати само „безусловно предавање“, а потоа дека неговите главни цели се целосно да ја прекине нуклеарната програма на Иран и да го направи тоа така што Иран не може да финансира посреднички групи како Хамас и Хезболах.
Врз основа на најновите преговарачки услови, тие цели се чини дека се разводнуваат.
Во анализа на СИ-ЕН -ЕН, Трамп направил две критични грешки на почетокот: Немал јасен, остварлив план за тоа како да ја заврши војната и не го убеди доволно американскиот народ дека војната е неопходна. Републиканската партија.











