Најмалку 33 лица се убиени, а 85 други се ранети во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа во петокот, соопштија властите управувани од Хамас. Бројката може да се искачи на 50 жртви, бидејќи луѓето се уште се затрупани под урнатините на зградите.
Израелската влада соопшти дека дрон бил лансиран кон резиденцијата на премиерот во Кесарија. Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту неговата сопруга не биле повредени. Додека Израелската војска претходно соопшти дека три беспилотни летала биле истрелани кон крајбрежниот град каде што едниот удрил во зграда, додека другите биле пресретнати.
Либанското министерство за здравство соопшти дека израелски воздушен напад бил насочен кон возило на главниот автопат северно од Бејрут при што загинале две лица. Засега не е јасно кој се наоѓал во возилото кое се движело на главниот автопат што го поврзува Бејрут со северен Либан.
Ријад Мансур, палестинскиот амбасадор во Обединетите нации, повика на итен состанок меѓу арапските амбасадори за безбедноста на Палестинците во северниот дел на Газа. Амбасадорите повикаа итен прекин на огнот во Појасот Газа поради заканата на палестинските цивили од изгладнување до смрт.
- „Имаме голема делегација на арапски амбасадори, десет од нас кои се сретнавме со генералниот секретар врз основа на одлуката што ја донесовме на вонредниот состанок на арапските амбасадори пред неколку дена. На тој состанок ја оценивме ситуацијата, особено екстремна опасност од голем геноцид во северниот дел на Газа, во кој на 400.000 палестински цивили им се закануваат, или да бидат убиени или да бидат изгладнети“ изјави Ријад Мансур, палестински амбасадор во ОН.
Израелската војска извести дека нејзините воздушни сили го убиле заменик-командантот на Хезболах во јужен Либан.Според израелските одбранбени сили, Рашид бил вклучен во „терористички активности против израелски цивили“.
На Генералното собрание на ОН специјалните известувачи за правото на храна и вода истакнаа дека никогаш не виделе ваква брзина на изгладување во поновата историја. Тие објаснија дека ова не започнало на 7 октомври, туку трае уште од 2000 година, поради големиот степен на контрола на Израел врз Газа.
- „Бенјамин Нетанјаху го објави планот за анексија на Израел на Генералното собрание во септември 2023 година. И тоа е она што се случува денес. Ова е обид да се искористи изгладнувањето за раселување луѓе, за убивање луѓе, за уништување луѓе како обид да се избришат Палестинците од историјата и од нивната земја со цел Израел целосно да ја анектира палестинската територија. И гледаме дека нивниот план за анексија продолжува сега во Либан“ изјави Мајкл Фахри, специјален известувач за правото на храна и вода.
Борбите продолжуваат и во Либан, каде Израел спроведува копнена инвазија против Хезболах. Израелските сили со недели го опколија густо населениот камп, велејќи дека нивната офанзива таму има за цел да спречи борците на Хамас да се прегрупираат за повеќе напади.
Tea Димковска











